Развиена технологија за скенирање мрежница со која рано ќе се открива аутизмот

- Advertisement -

Научник од Хонгконг разви технологија за скенирање на мрежницата кај децата на возраст од најмалку 6 години која може да помогне за рано откривање на аутизмот или ризикот од развој на таа болест. Тој се надева дека до крајот а годината ќе успее да направи уред и да го комерцијализира.

Со скенирањето на мрежницата може значително да се придонесе за рано откривање на аутизмот и исходот од лечењето на децата вели Бени Зи, професор на Универзитетот Хонгконг. Многу е битно да се почне со интервенција порано затоа што децата растат и се развиваат, што значи дека изгледите за успех се поголеми, изјави Зи.

- Advertisement -

Неговата метода за скенирање користи камера со висока резолуција со нова компјутерска програма која анализира комбинација од фактори, како слоеви на влакната и крвните вени во окото. Технологијата може да се користи за откривање и препознавање на децата кои се поподложни на развојот на аутизам за што порано да се вклучат во програми за лечење.

Технологијата била тестирана на 74 деца, од кои 46 веќе имале дијагноза аутизам, а во контролната група имало околу 24 деца. Со технологијата на Зи успешно биле откриени децата со аутизам во дури 95,7% од случаите. Просечната возраст на тестираните деца била 13 години, а најмалата учесничка во студијата имала само шест години.

- Advertisement -

Многу родители на почетокот го порекнуваат присуството на аутизам кај своите деца, вели д-р Кејлеб Најт, кој води приватен центар за терапија на аутистични деца. Кога би постоел медицински тест или биолошки маркер како овој, тоа на родителите многу ќе имн го олесни прифаќањето на дијагнозата аутизам, па децата побрзо ќе добијат медицинска помош.

Децата со аутизам мора да чекаат скоро две години за да дојдат на ред и да се консултираат со експерт од јавиот медицински сектор, се вели во мејлот до хонконшката влада. Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание EClinicalMedicine.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -