Руски научници создадоа етикети со невидливи слики кои не може да се фалсификуваат

- Advertisement -

Повеќето од денешните етикети кои штитат од фалсификаторите имаат едно нешто што е заедничко – на нив се се гледа, што значи дека фалсификаторите можат да го реплицираат нивниот изглед. Сепак, новите експериментални етикети содржат невидливи слики.

Етикетите ги развија руски научници од Универзитетот за информатички технологии, механики и оптики ITMO и Академскиот универзитет во Санкт Петерсбург. Етикетите изгледаат како тенка флексибилна лента на база на силикон. Површината на таа лента е исполнета со тенки дупчиња, од кои некои го содржат природниот елемент ербиум.

- Advertisement -

Кога посебен скенер се користи за изложување на лепенката со помош на ласерска светлина, ербиумот кој се наоѓа во одредени дупчиња осветлува одредена боја и создава една уникатна шема која не може да се сокрие. Наводно, етикетите може да издржат различни механички и хемиски ефекти. Како дополнителен степен на заштита, може да се мери интензитетот на луминисценција и да се споредува со податоците за производителот.

Оваа студија беше објавена во научниот весник Advanced Materials.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -