Kина објави нови фотографии од роверот Zhurong на Марс

- Advertisement -

Кина денес објави нови фотографии од кинескиот ровер на Марс која ја истражува површината на Црвената планета. Според локалните медиуми, тоа е знак дека нивната мисија е целосен успех.

Роверот Zhurong, наречен според богот на огнот од кинеската митологија, слета во регионот Утопија Планитија на Марс на 15 мај годинава. Ова е првата кинеска мисија на Марс и втора мисија на земјата во рамките на која се испраќа ровер на друга планета.

- Advertisement -

Роверот ги испрати првите фотографии од Марс минатиот месец, неколку дена после слетувањето. Новите фотографии кои ги објави денес вклучуваат панорама од 360 степени на местото на слетување, составена од повеќе фотографии кои ги направил роверот возејќи по подрачјето. Друга фотографија ја прикажува портокалово-црвената површина на Марс со карпи, кружен кратер и дини по површината. На третата фотографија се гледа кинеското знаме во близина на платформата на слетување. Роверот направил и селфи фотографија со безжична камера, на која се гледаат соларните панели поставени на него и мало кинеско знаменце поставено на неговата опрема.

Роверот се напојува со соларна енергија, а планирано е да трае три месеци, во текот на кои ќе бара знаци на живот на Марс. Кина навремено ќе ги објавува научните информации и ќе му дозволи на човештвото да го следи развојот на мисијата на оваа планета, велат од Кинеската национална вселенска агенција.

(CNN)

- Advertisement -

(фото: CNSA)

Сподели!
- Advertisement -