ЕУ го објави планот за КОВИД пасоши – ова се условите за преминување на границите

- Advertisement -

Европската комисија денес предложи создавање на Дигитален зелен сертификат за да се олесни безбедното слободно движење во ЕУ во текот на пандемијата на КОВИД-19. Овој сертификат е познат и како КОВИД пасош и ќе содржи податоци дали личниста е вакцинирана против корона вирусот, дали стекнала имунитет после прележаната зараза или има негативен PCR тест.

Дигиталниот зелен сертификат ќе биде достапен бесплатно, во дигитална или хартиена форма. Содржи QR код за да се осигура безбедноста и автентичноста на сертификатот. Комисијата ќе изгради пристапна мрежа за да се осигура дека сите сертификати може да се верифицираат ширум ЕУ и ќе ги поддржи државите-членки во техничката примена на сертификатот.

- Advertisement -

Одговорноста на државите членки е да одлучат кои ограничувања на јавното здравје нема да се однесуваат на патниците, но дека таквите одлуки мора да се применат на ист начин на патниците кои поседуваат Дигитален зелен сертификат, се наведува во соопштението на ЕУ инфо центарот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фо дер Лајен, изјави дека податоците од сертификатот ќе ги признаваат сите држави членки. Целта е со овој сертификат да се овозможи слобода на движење на безбеден начин.

- Advertisement -

Како што најави, Комисијата ќе наорави дигитална капија и ќе ги поддржи државите членки да развијат софтвери за верификација на сите сертификати ширум ЕУ. Истакна и дека сертификатите ќе бидат бесплатни и на официјалните јазици на земјите кои ги издаваат и на англиски јазик.

Понатаму, се наведува дека Комисијата за да се избегне дискриминација на невакцинираните предложи сертификатите да не бидат само за вакцинација, туку и за луѓето кои се тестирале на КОВИД-19 или го прележале. Се наведува и дека сите патници со Дигитален зелен сертификат ќе ги имаат сите права, како и дека земјите членки можат да одлучат дали ќе прифатат и други вакцини поркај тие што ги одобри Европската агенција за лекови. Во случај некоја земја членла да побара од некој што има Дигитален зелен сертификат да оди и во карантин или да се тестира, за тоа треба веднаш да ја извести Комисијата и другите членки.

- Advertisement -

Сертификатите ќе содржат само ограничени информации како име, датум на раѓање, датум кога е издаден и релевантни информации за вакцинирање/тест/прележување.

Комисијата издаде и комплементарен предлог за да се осигура дека Зелениот дигитален сертификат ќе се издава и на државјани од земјите надвор од ЕУ кои имаат живеалиште во земја-членка или во држави од Шенген зоната и посетители кои имаат право да патуваат во други членки.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -