Илон Маск по прв пат го запали моторот на вселенскиот брод Starship

- Advertisement -

Тест-верзијата на вселенскиот брод на SpaceX го запали својот мотор по прв пат. Моторот беше запален во фаза на тестирање позната како статичко палење, што значи дека моторот е испробан, но леталото останало приземјено. Сепак, тестирањето е битно затоа што ова е прв пат да се запали моторот на Starship. Исто така, претставува чекор напред кон кратки тест-летови во блиска иднина.

Леталото познато и како Stashopper служи за тестирање на технологијата и основниот дизајн на финалната верзија на Starship, огромното вселенско патничко летало кое ќе се користи за транспорт на луѓе до Месечината и до Марс. Starship е направен од нерѓосувачки челик и ќе биде лансиран во длабоката вселена на врвот на масивната ракета Super Heavy. Оваа ракета ќе може да се спушти на Земјата веднаш по полетувањето исто како што може Falcon 9. Комбинацијата на Starship и Super Heavy ќе може во ниската орбита на Земјата да понесе до 100 тони товар, што значи дека ќе биде една од најмоќните ракети кои постоеле кога било.

- Advertisement -

SpaceX моментално го прави првиот Starship во својата фабрика во Тексас. Планот бил прво да се направат неколку летови со Starhopper. Иако овие летови не значат патување во вселената, тие ќе помогнат за тестирање на новиот моќен мотор Raptor, клучниот дел од опремата која ќе служи како погон за Starship и Super Heavy ракетата.

Сподели!
- Advertisement -