Дали ги имате овие 4 карактеристики на емоционална интелигенција? Истражувач од Харвард смета дека само оние кои ги поседуваат, можат да успеат

- Advertisement -

Истражувачот од Харвард, Даниел Големан, автор на бестселерот „Емоционална интелигенција“ од 1995 година, тврди дека иако IQ е од големо значење, но тоа не значи дека ќе бидете успешни во светот на работата и претприемништвото. Наместо тоа, она што навистина е особено важно е EQ – емоционална интелигенција, пренесува порталот Hybread.mk.

Неговата книга, која 18 месеци се наоѓаше на листата на најпродавани книги, наведува дека не-когнитивните вештини – вашиот EQ, всушност можат да бидат дури и поважни од IQ во обезбедувањето успех. Особено кога станува збор за унапредување или сериозно сфаќање на вашите креации.

- Advertisement -

„Дури и ако сте инженер со огромни знаења, никој нема да ви обрне внимание доколку не можете да комуницирате, убедувате и да ги возбудувате луѓето за вашите проекти – а за тоа е потребна емоционална интелигенција“.

Следниве четири одлики според Големан се клучот за разбирање и подобрување на вашиот EQ.

- Advertisement -

Самосвесност

Овие карактеристики значат имате способност да се гледате себеси како на начин на кој што ве гледаат другите. Ги разбирате и точно можете да ги процените сопствените силни и слаби страни. Прилично често, оние со повисок коефициент на интелигенција се гледаат себеси погрешно: како генијалци или далеку помалку умни од она што навистина се. Разбирањето на сопствените способности ви овозможува да процените како најдобро да ги користите вашите таленти.

- Advertisement -

Самоуправување

Оваа одлика се однесува на емоционалната контрола. Оние со висок EQ можат да ги контролираат своите емоции, лесно да се опорават од неуспесите и да не се премногу самокритични. Општо земено, луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат позитивен поглед на животот, а се спротивставуваат на фокусирањето на негативното.

Социјална свест

Луѓето со висок EQ се емпатични и ги разбираат животот и предизвиците на другите. Тоа значи дека можете да претпоставите како членовите на тимот ќе реагираат во одредени ситуации и кои задачи ќе можат компетентно да ги завршат.

Управување со односот кон луѓето

Оние со висок EQ се во можност истовремено да управуваат со повеќе различни односи, лични и професионални. Ова честопати ги прави природни лидери затоа што тие се способни да зборуваат со луѓе на различни нивоа на IQ и EQ и се во можност да зборуваат со нив на начини што секој поединец навистина ќе ги разбере.

Ова е често клучна одлика на големите лидери. Како што пишува Големан:

„Вие сте природен лидер кој може да собере поддршка од другите со релативна леснотија, создавајќи група која е ангажирана, мобилизирана и подготвена да ги изврши задачите кои и претстојат.

Иако сите ние би сакале да имаме повисок коефициент на интелигенција, колку и да сме паметни, можеби е време да сфатиме дека коефициентот на интелигенција не води автоматски до успех. Приказната за проблематичниот генијалец што умира во сиромаштија е добро позната преку уметноста и литературата. Подобро би било да ги погледнеме нашите квалификации и да се обидеме да ги подобриме колку што можеме – не само што веројатно ќе ни донесе поголем успех, туку веројатно ќе нè направи и посреќни и поемпатични!

Извор: https://www.thinkinghumanity.com/

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -