Царовска: Време е децата да излезат од начинот на механичко учење

- Advertisement -

Основното образование го менуваме затоа што време е децата да излезат од начинот на механичко учење, напиша министерката за образование, Мила Царовска, на својот профил на Facebook.

„Тие треба не само да слушаат, туку и активно да учествуваат во наставниот час. Сигурни сме дека овој нов начин на учење ќе донесе попродуктивни часови, поголема интеракција меѓу учениците, поголема слобода за комуникација со менторот и секако, повесели часови“ – напиша Царовска.

- Advertisement -

Првачињата ќе ги добијат учебниците во печатена форма, а четвртоодделенците ќе учат од дигитални учебници, иако ќе има можност и да се печатат во рамките на училиштата.

Една од главните новини во наставата, особено во првиот период на основното училиште, ќе биде поголемата застапеност на меѓупредметната интеграција, за разлика од погорните одделенија каде што ќе се интегрираат повеќе дисциплини во еден наставен предмет

- Advertisement -

Како што вели министерката, новата концепција за основното образование започнува со учениците од прво и четврто одделение од следната учебна година. Според новиот концепт, децата ќе ги учат обучувани наставници по нови наставни програми и учебници.

„На следниов линк е опишано како сето тоа ќе се спроведува, прочитајте“ порача Царовска.

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -