Последните неколку месеци продажбата на виртуелни услуги и производи доживеа голем збум. Не само што како NFT се продава дигитална уметност, туку и виртуелни куќи за кои луѓето се спремни да платат многу пари. За некои тоа е лудост, за други тоа е балон кој мора да пукне.
Тука спаѓа и дигиталната мода, односно виртуелната облека наменета за видеоигри. Зошто вашиот аватар да изгледа како сите други кога можете да платите и да го облечете во некое луксузно парче облека. Една од компаниите кои го препознаа потенцијалот на тој пазар е луксузниот бренд Burberry, кој сега ја продава својата виртуелна облека во играта Honor of Kings на кинеската компанија Tencent.
Станува збор за многу популарна игра која дневно има повеќе од 100 милиони корисници во светот, а најмногу од Кина. Колкава е популарноста на играта најдобро зборува фактот дека кинеските власти го ограничија времето кое младите го поминуваат дневно играјќи ја играта.
Поседувањето Burberry капут или марама во реалниот свет е знак за богатство или статус, а истото ќе важи и за видеоигрите, смета аналитичарката на Amper Analysis, Луиз Шортхаус. Таа за новинарите објасни како на кинескиот пазар европските луксузни марки се особено популарни и токму поради тоа виртуелните модни додатоци на Burberry ќе бидат достапни само за кинеските корисници.
Инаку, на сличен потег на дизајнирање виртуелна облека се олучија и компаниите Louis Vuitton и Pradа, чија виртуелна облека е достапна во играта Final Fantasy XIII, а облеката на Louis Vuitton е достапна и во League of Legends.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)