Компанијата Rimac Automobili отвори канцеларија за истражување и развој во Велика Британија, објави вчера сопственикот Мате Римац. Канцеларијата на Римац е отворена во Warwick Enterprise Park, а потоа се се планира вработување на 30 луѓе до крајот на оваа година.
Таму ќе соработуваат со британската автомобилска индустрија и со седиштето на компанијата во Хрватска. Мате Римац ја објави веста по повод доаѓањето на британскиот државен министер во министерството за меѓународна трговија, Грег Хандс, во седиштето во Света Недела.
Хандс, кој ги гледал автомобилите на Римац во Top Gear, вели дека посетата на хрватската компанија била инспиративна. „Автомобилите на Римац ја оставија без текст веројатно најпознатата личност во телевизиската автомобилска индустрија, Џереми Кларскон“ рече Хандс.
Новата канцеларија е отворена крај Универзитетот Ворвик во близина на градот Ковентри. Римац изјави дека британските инженери се првокласни во новите технологии за електрификација на возила и иднината на мобилноста и доддаде дека иако почнуваат со мала канцеларија, во текот на идните години може значително да се прошири.
„Иако Хрватска секогаш ќе ни биде дом, одлучивме да ја искористиме приликата и да собереме мал тим во Велика Британија, каде што автомобилската индустрија има долга историја и високо ниво на експертиза“ изјави Римац.
Неговата компанија моментално вработува речиси илјада луѓе и продолжува брзо да се шири. Компанијата вечжќе соработуваше со британски компании, па така испорача технологија за автомобилски брендови како Aston Martin и Jaguar. Rimac Automobili се добавувач и за многу од најголемите светски производители на автомобили како Hyundai, Porsche, Pininfarinа, Koenigsegg и др.
(Dnevnik.hr)
(фото: Wikimedia)