Индустриското производство со пад од 12,2 отсто во февруари

- Advertisement -

Индустриското производство во февруари годинава бележи пад од 12,2 отсто во однос на февруари лани, додека во првите два месеца од годинава во однос на тој период лани намалувањето е за 12,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во секторот Рударство и вадење  камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 28,9  отсто, кај  Преработувачка индустрија има опаѓање од 11,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,2 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

- Advertisement -

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергијата за 28,4 отсто, Капитални производи за 19,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 23,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто.

Сподели!
- Advertisement -