Иновативна технологија ќе ги претвори ридовите во Велика Британија во џиновски батерии

- Advertisement -

Компанијата RheEnergize создаде систем кој ридовите во Обединетото Кралство ќе ги претвори во вистински џиновски батерии. Нивниот систем функционира така што посебна течност се складира во резервоар на врвот на ридот и потоа надолу се спушта низ цевки до турбина поставена во подножјето, која создава електрична енергија.

Кога нема голема потрошувачка на енергија, течноста повторно се враќа на врвот на ридот. За да се испумпа водата до резервоарот се користи вишокот произведена енергија од турбината. Целиот систем функционира како една џиновска батерија, која ја складира енергијата додека не се појави потреба.

- Advertisement -

Кога течноста ќе се пушти по цевките до подножјето на ридот се генерира енергија. Системот на RheEnergize работи со течноста која е 2,5 пати погуста од водата. Тоа значи дека содржи 2,5 пати повеќе енергија отколку водата. Тоа, пак, значи дека може да функционира на 2,5 пати помал рид и да има иста ефикасност каква што би имала водата. Токму затоа може да се постави и на многу помали ридови и буквално да ги претвори во батерии.

RheEnergize досега има идентификувано 9.500 потенцијални локации во Обединетото Кралство за поставување на вакви системи. Тие велат дека ова решение е многу поевтино и поеколошко отколку литиум-јонските батерии.

- Advertisement -

Ако сакаме да си обезбедиме почиста и поздрава иднина за нас и за нашата планета, ваквите решенија за складирање обновлива енергија се неопходни затоа што сонцето и ветрот не се постојани извори на енергија. Се очекува дека глобалниот капацитет за складирање енергија десеткратно ќе се зголеми до 2030 година.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -