Интервју со Г. Петер Колесар, Партнер во ЦИВИТА за иновации, старт-ап, екосистеми и политики коj минатата недела учествуваше на веб-семинарот организиран од МАСИТ и Акцелераторот УКИМ, насочен кон македонската ИКТ-индустрија.
г-н Колесар, кое е вашето и искуството на ЦИВИТА во екосистемите за иновации и стартапи?
ЦИВИТА е гравитационата сила на екосистемите за стартапи низ Централна и Источна Европа. Основавме различни натпревари за стартапи (како што се Наградите за стартапи во Словачка), водиме акцелераторски програми за стартапти (Ajujaht и Uplift) и акцелератори на компаниите во секторите банкарство, енергетика, телекомуникации и здравство. Развивме и спроведовме програми за претприемништво од Литванија и Естонија до Романија и Молдавија.
Оваа година лансиравме нова ЦИВИТА акцелераторска платформа „ Challenger“, која ќе овозможи да се водат акцелераторски програми за стартапи под еден бренд во различни земји и разновидни вертикали, осигурувајќи го квалитетот и мрежата што ги градевме во Цивита со текот на годините.
Нашата цел како консултанти и центар за иновации е да служиме како катализатор за новата економија во сите 15 земји во кои работиме. ЦИВИТТА им помага на корпорациите да добијат конкурентска моќ и да се подготват за следната голема работа преку трансформација на нивната култура, развој на нови производи и услуги, рафинирање на нивната стратегија и станување поиновативни
Кое е вашето искуство и ЦИВИТА во трансформацијата на ИКТ компаниите? Кажете ни повеќе за овој процес и достигнувања.
Во работата со корпорации го користиме нашето консултантско искуство во управувањето и силното искуство во работењето со стартапи и претприемачи ширум Европа. Општо, им помагаме на големите компании (во ИКТ, но и на други области) во нивната трансформација во три области: култура – да ја поттикнат работната средина да биде отворена за иновации, да ги искористат новите продирачки технологии и новите идеи за развој на услуги и производи и, конечно, со конкурентската предност да изготвуват и спроведат целокупната стратегија за иновации. Ова го следи нашиот пристап НАУЧИ-РАЗВОЈ-ТРАНСФОРМИРАЈ и 5-те принципи за трансформацијата.
Кажете ни нешто повеќе за 5-те принципи на ЦИВИТТА за трансформација?
Ние ги советуваме нашите клиенти да следат 5 основни принципи во нивниот процес на трансформација. Прво, треба да ги поставите вистинските цели за кои планирате активности поврзани со иновации: дали е тоа да се промени културата? Да се зголеми ефикасноста? Да се изгради бренд? Да излезете со нови извори на приливи? Сето ова ги дефинира очекувањата и специфичните активности. Второ, фокусирајте се на клиентот. Без оглед што правите, секогаш треба да разберете кој е вашиот клиент (во или надвор од вашата организација) и кои се неговите потреби. Фокусот кон вашите клиенти влијае на сите аспекти на вашиот процес на иновации. Трето, секогаш експериментирајте пред да го започнете вашиот проект или производ во полн капацитет. Четврто, инспирирајте се од другите индустрии. Голем дел од одличните идеи се веќе имплементирани на друго место – само погледнете, прилагодете ги и научете од нив или спроведете ги. И петто, останете отворени за нови идеи, не само на хартија, туку на секој чекор што го правите во вашата трансформација.
Ве молиме, објасни ја вашата методологија за развој на нови производи и услуги.
Методологијата има четири чекори. Првата фаза е насочена кон идентификување на проблемите што вреди да се решат и првична приоретизација на потенцијалните идеи за производи и услуги. Второ, во текот на фазата на изготвување, првичната листа на идеи ќе биде разработена, анализирана и тестирана внатрешно со клиентот за да влезе во потесниот избор на производи и услуги што се потенцијално изводливи, пожелни и остварливи. Трето, фазата на валидација подразбира водење низи на ефтини и брзи и сложени и скапи експерименти за да се потврди посакуваноста, изводливоста и одржливоста на производите и услугите и нивниот бизнис модел пред да се инвестира понатаму во развој и лансирање на производи. И четврто, циклусот за развој на производи и услуги ќе заврши со развој на финален производ или услуга и пуштање во промет на пазарот. Оваа фаза бара посветеност за инвестиции и вклучување на тим со полно работно време само за овој производ или услуга.
Кои се предностите и слабостите на креирање на спин оф компанија?
Спин-оф му овозможува на тимот да биде пофлексибилен во однос на организацијата, културата, продажбата или потребните ресурси. Исто така, дозволува нови и често ризични пристапи кои не би биле поддржани во првичната организација.
Од друга страна, спин-офите обично бараат поголема посветеност, финансирање и капацитет, кои честопати се главните бариери.
Зошто македонската ИКТ индустрија треба да размислува за спин оф компании?
Повеќето економии во Централна и Југоисточна Европа се релативно ранливи поради големиот удел на ризични работни места поради автоматизација и воведувањето на вештачка интелигенција. Решението е двојно: прво, образовниот систем во повеќето наши држави треба драстично да се промени за да се прилагоди на иднината. И второ, големите компании треба да започнат да иновираат, почнувајќи од промена на културата, управување со нови идеи, дигитална трансформација до создавање на нови производи и услуги. Само ако македонската ИКТ-индустрија биде во можност да се „прероди“ – што вклучува генерирање спин-оф кои се економски исплатливи – индустријата ќе може да расте одржливо и да продолжи да обезбедува столб за локалната економија во наредните години.
Што може да очекува македонската ИКТ индустрија од оваа соработка?
ЦИВИТА ќе ја поддржува македонската ИКТ-индустрија во фазата на развој на иновативни идеи и нивна трансформација во вреден бизнис.
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ останува посветена да им помага на компаниите во сите нивни фази на раст, во активности поврзани со развојот на бизнисот, во промоција на странски пазари и во лобирање на предлог законски измени пред Владините институции. Во склоп на ова партнерство помеѓу МАСИТ и БАУ, МАСИТ ги охрабрува своите членки да навлезат подлабоко во можностите понудени од страна на БАУ и ЦИВИТА, се со цел, да дојдат до бизнис модел кој ќе им помогне да дојдат до нов продукт, сервис, раширено портфолио омплеменето со комплементарни решенија кои на нивните клиенти ќе им овозможат полесно секојдневно функционирање, а за ИКТ компанијата тоа би значело постанување на долгорочен партнер од доверба пред нивниот клиент.
Бизнис-технолошки акцелератор УКИМ (БАУ) управува со инвестициски фонд од 533.000 € и ќе ја поддржува македонската ИКТ-индустрија со инвестиции. Покрај паметните инвестиции, Акцелераторот УКИМ спроведува разни акцелераторски програми во соработка со нашите глобални партнери кои се специјално дизајнирани согласно фазата на развој на нашите клиенти, а со тоа ви обезбедуваат потребни алатки, знаење и експертиза за да помогнете во растот на вашата идеја и да ја развиете до фаза да биде подготвена за инвестицијата.
Ве охрабруваме да не контактирате на operations@accelerator.ukim.mk и да ни испратите краток опис на вашата иновативна идеја, со цел да го започнеме процесот на трансформација.