Турската централна банка ја забрани употребата на криптовалути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги, објавено е денеска во Службениот весник на земјата.
Се повеќе Турци користат криптовалути за да ги заштитат своите заштеди од зголемената инфлација и падот на турската валута.
Централната банка го објасни таквиот потег, оценувајќи дека трансакцијата со криптовалути е многу ризична.
„Имотот во криптовалути не подлежи на никакви механизми за регулирање и надзор на централното регулаторно тело. Нивните пазарни вредности можат да бидат многу променливи“, соопшти банката.
Една од причините е можноста за незаконска употреба на тие средства поради „анонимни структури“.
Одлуката ќе стапи во сила на 30 април.
(МИА)
(фото: Quote Inspector)