Илон Маск ќе испрати сателити кои ќе ја скенираат Земјата и ќе ловат пирати, криумчари и дилери

- Advertisement -

Можеби звучи како некој научно фантастичен филм или роман, но планот на SpaceX е во вселената да испрати флота од сателити кои ќе ловат пирати, криумчари и дилери. Ако се оди според планот, на 19 ноември Маск во вселената ќе испрати ракета Falcon 9 и тргнува во реализација на мисијата SSO-A.

Најбитниот дел од ракетата се вика Pathfinder и станува збор за три вселенски летала кои имаат големина на микробранова печка. Нивната задача ќе биде да испраќаат радиосигнали на Земјата од вселената. Стартапот HawkEye 360 ги осмисли леталата, го направи софтверот базиран на вештачка интелигенција, кој ќе ги идентификува радиосигналите и ќе ги класифицира на различни бродови и летала.

- Advertisement -

Тоа може многу да им ја олесни работата на разните агенции и на полицијата во фаќањето на „црните бродови“, односно бродовите кои се занимаваат со незаконски активности и ги исклучуваат своите GPS. Pathfinder може да детектира радиосигнали со сила поголема од 1 ват. Од HawkEye 360 велат дека сигналите на мобилните телефони се многу послаби и не допираат до вселената, така што не се грижете дека ќе можат да ве прислушкуваат.

Ако се оди според планот, HawkEye планира да испрати уште пет сетови по три сателити кои ќе можат да ловат и послаби сигнали како тие од радиоапаратите во камионите. Иако моментално оваа мисија е приватно финансирана, од стартапот истакнуваат дека прашање на време е кога на врата ќе им тропнат претставници од американските или други војски и ќе им понудат соработка.

Сподели!
- Advertisement -