Францускиот авантурист Иван Бурњон и неговиот тим од инженери дизајнираа јахта која ќе ја користи пластиката како гориво, а покрај тоа ќе го собира и пластичниот отпад од океаните.
Бурњон има богато искуство со пловење по оекани, а низ годините сфатил дека количината пластичен отпад се зголемува. Тоа го инспирирало да го почне проектот SeaCleaners и формира тим за изградба на јахтата Manta. Станува збор за катамарана долга 56 метри која работи со комбинација од напредна технологија за пловидба и електрични мотори.
Manta моментално е во фаза на концепт и развој, а целта е да се направи прототип до 2024 година. Оваа јахта ќе стане една од најголемите кои директно го собираат пластичниот отпад од океаните.
Додека јахтата ќе плови автоматски ќе собира пластичен отпад и ќе го испраќа во посебна комора. Топењето на пластиката ќе создава гас кој ќе ја придвижува турбината, а резултатот е создавање електрична енергија за моторите.
Благодарение на пластичниот отпад јахтата ќе биде 70% самоодржлива, а ќе има и соларни панели и турбини на ветар. Ако се направат 400 вакви јахти, тие можат да исчистат 1/3 од пластичниот отпад во океаните. Проектот Manta е еден од многуте чија цел е да се исчистат океаните.
(Klix.ba)
(фото: YouTube screenshot)