“Blue Origin”, приватна ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека моментално највисока понуда за место во вселенското летало “New Shepard ” е 2,4 милиони долари во вториот круг од аукцијата.
Компанијата рекла дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг од аукцијата, а најголемата понуда не била откриена додека кругот не завршил. Вториот круг започнал со првобитна понуда од 1.4 милиони долари, велат податоците од веб страната “Blue Origin”.
Процесот ќе трае до 10-ти јуни и ќе заврши во финална фаза на 12-ти јуни, со он-лајн аукција во живо.
Ракетната компанија за својот прв суборбитален лет за разгледување на своето вселенско летало го одбрала 20-ти јули, што е пресвртна точка во трката која ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.
Ракетите и капсулите “The New Shepard” се дизајнирани автономно да пренесуваат шест патници на висина поголема 100 километри над Земјината површина.
Во 2018-та година “Reuters” известил дека “Blue Origin” планира на патниците да им наплаќа по околу 200.000 долари, што било темелено на проценката на плановите на конкурентот милијардер Ричард Бренсон и неговата компанија “Virgin Galactic Holding”, но изгледа дека во меѓувреме тоа се променило.