Meta доби рекордна казна од 1,2 милијарди евра поради непочитување на правилата за заштита на податоци

- Advertisement -

Компанијата Meta, во чија сопственост е социјалната мрежа Facebook, доби наредба да престане да пренесува кориснички податоци од Европа преку Атлантикот до октомври годинава ако сака да ги почитува правилата на ЕУ.

Meta доби казна од рекордни 1,2 милијарди евра од страна на ирскиот регулатор на податоци поради прекршување на правилата на ЕУ за заштита на податоци. Meta е казнета поради префрлање податоци на корисници од Европската економска зона во САД, со што ја прекршила Генералната регулатива за заштита на податоци на ЕУ.

- Advertisement -

Ирската комисија за заштита на податоци, која дејствува од име на ЕУ, истакна дека и дале пет месеци на Meta за да престане да испраќа подаотци за европски корисници во САД и шест месеци за да се реорганизира во согласност со европските правила против незаконско процесирање, вклучувајќи и складирање, на податоци за европски корисници во ЕУ.

Ова е најголемата казна која ЕУ ја одредила за некоја технолошка компанија и е далеку повеќе од казната на Amazon за процесирање лични податоци и прекршување на Генералната регулатива за заштита на податоци.

- Advertisement -

Meta минатата година доби казна од 265 милиони евра од страна на Ирската комисија за заштита на податоци поради прекршување на истата регулатива. Тогашната истрага покажа дека податоците на над 533 милиони корисници се нашле страница за хакери. Во податоците имало имиња и презимиња, профили на Facebook, телефонски броеви, локации, датуми на раѓање и имејл адреси на луѓе од над 100 земји.

Поради проблеми со податоците на корисниците во ЕУ, Meta се закани дека ќе се повлече од тој пазар.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -