БАК пивара – прва крафт пиварница во Битола на апликантот Марјан Бакревски, NOMAD creative studio – проект позади кој стои Ана Секуловска, CONSULATE home philosophy – на Маја Настеска и Зорица Каранфиловска и АПЕТИТКО свет на вкусовите – бизнис идеја на Зоран Видановиќ се наградените старт-ап проекти како дел од успешната програма по четврти пат „И од Битола се може(и)“ во организација на ПРЕДА плус фондацијата кој го организираше Демо денот во Стартап центарот во Битола.
Низ оваа програма , нешто повеќе од 20 тима поминаа низ неколку недели на интензивна работа со помош ментори и тренери поточно 200 часа менторство, 36 часа тренинзи, 100 часа заеднички сесии и онлајн предавања на zoom платформата што носи до 336 часа вкупно менторство и поддршка за овие стратапи.
– Иако скоро целата програма беше онлајн, енергијата и посветеноста беше одлична и иако беше период на физичко дистанцирање и се создаде голема блискост меѓу нашите учесници кои низ целиот овој период безусловно си помагаа, се подржуваа и соработуваа меѓусебно. Горди сме да кажеме дека ова се нашите нови ѕвезди на македонското старт-ап небо, истакна Лидија Ангелкова координаторка на проектот.
Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав од Катерина Трајковска-финансиски менаџер на ПРЕДА Плус Фондација, Никола Јошевски-генерален директор на ФД “СН финансии” и Димче Поповски сопственик на ДАКА Холдинг.
– Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза со Covid-19 која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Со оглед на квалитетот на бизнис – идеите што се презентираа денес, уверенa сум дека актуелната криза е огромна шанса за голем број македонски стартап – тимови. Светот допрва ќе слушне за нив, изјави Наташа Симјановска проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.