Многу популарни апликации претставуваат прилично оптеретување за работата на смартфоните. Погледнете кои меѓу нив се најдоа на врвот на листата во истражувањето за кое биле користени три фактори: колку функционалности користи апликацијата (на пр. камерата или локацијата), користењето на батеријата и достапноста на темниот начин на работа.
Екипа од pCloud направи пресметки кои апликации најмногу ја „цедат“ батеријата на телефонот, заземаат најмногу меморија и му ја забавуваат работата. Кога ќе се земат предвид сите три фактори споменати погоре, ова се топ 10 најзахтевни апликации кои ни се достапни или се често во употреба:
1) Fitbit
2) Uber
3) Skype
4) Facebook
5) Airbnb
6) Instagram
7) Tinder
8) Snapchat
9) Whatsapp
10) Zoom
Прилично високо рангирани се и YouTube, Booking.com, Amazon, Telegram и Linkedin. На листата доминираат апликациите за социјални мрежи, од кои три се под контрола на Facebook.
(tportal.hr)
(фото: Pixabay)