Сте помислиле ли некогаш колку често ги менувате четките за заби и колкав отпад создавате само со нив? Стандардните четки се направени од пластика и доста придонесуваат за загадувањето со пластика.
Но, не и четката Everloop. Оваа четка има влакна направени од бамбус кои може да се менуваат кога ќе се оштетат. Бамбусот е растение кое многу брзо расте, а бара минимална нега и притоа не се користат пестициди или хемикалии.
Влакната од бамбус се 100% биоразградливи, додека остатокот од четката е направен од рециклирана пластика од стари четки за заби. Секоја четка доаѓа со сет од 8 пара нови влакна. Така животниот век на четката се зголемува од само 3 месеци на дури 3 години. Дури и кутијата во која е спакувана четката е 100% разградлива.
Секоја година само во САД луѓето фрлаат по 1 милијарда стари четки за заби, па Everloop ќе помогне да се намали барем дел од пластиката која завршува во океаните и морињата.
(Waste-Ed)
(фото: Vimeo screenshot)