Хрватско гратче станува гејминг центар во регионот

- Advertisement -

Инкубаторот PISMO во изминатите неколку години израсна од амбициозна идеја во водечки инкубатор насочен кон модерни технологии и гејминг во Хрватска и во регионот. Сега PISMO доби уште еден голем партнер кој ќе им помогне уште повеќе да се развиваат и да им овозможат на младите подобри услови за развој на нови видеоигри.

Имено, како што беше истакнато на прес конференција, A1 Hrvatska и SIMORA (Развојна агенција на Сисачко-мославачката жупанија) склучија партнерство во инкубаторот PISMO. Девелоперите во инкубаторот и учесниците во програмата за развој на игри така добиваат прилика да работат со најдобрите достапни технологии и да ги прилагодат своите производи на брзините, латенцијата и другите предности кои им ги нудат 5G и оптичката мрежа и таа да бидат глобално конкурентни. Но, освен технолошко партнерство, A1 Hrvatska и PISMO продолжуваат да работат и на едукативни програми со кои се развиваат дигиталните вештини од иднината.

- Advertisement -

Проектот „Центар на гејминг индустријата“ е дел од стратешките инфраструктурни проекти на Националниот план за закрепнување и отпорност. Сето тоа ја докажува перспективата гратчето Новска да стане регионален центар на гејминг индустријата. Во инкубаторот веќе има 50-ина стартапи и во тек е едукацијата на петтата генерација на програми за видеоигри. Плановите за ширење на PISMO опфаќаат и изградба на е-спорт сала, која би се простирала на 44.000 квадратни метри затворен простор и ќе може да прими неколку илјади посетители. Со тоа PISMO би се позиционирал како гејминг центар во Хрватска.

Како што откриваат, парите за изработка на проектната документација веќе се обезбедени и стартувала изработката на проектот. Уверени се дека со средствата обезбедени преку европски фондови ќе успеат да ја затворат финансиската конструкција и да почнат со изградба во 2023 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: web страница на Pismo)

Сподели!
- Advertisement -