Две балкански дестинации се најдоа меѓу 20 најбрзорастечки туристички дестинации во светот

- Advertisement -

Црна Гора се наоѓа на високото петто место на листата со најбрзорастечки туристички дестинации во светот во текот на 2019 година, се наведува во последниот извештај на Светската туристичка организација.

Црна Гора го заслужи овој пласман благодарение на растот на бројот на туристи за дури 21,4%. Најголем раст во бројот на туристи изминатата година забележале Мјанмар (40,2%), Порторико (31,2%), Иран (27,9%) и Узбекистан (27,3%).

- Advertisement -

Висок пласман на листата оствари и Босна и Херцеговина, која со раст на бројот на туристи од 13,7% во 2019 година се најде на 15. место на ранг листата на Светската туристичка организација.

Податоците на организацијата покажуваат глобален пораст на бројот на туристи за 4% во однос на 2018 година. Најголем дел од попознатите туристички дестинации бележат стабилен раст на бројот на посетители, како што е Франција, која имала повеќе од 90 милиони посетители во 2019 година.

- Advertisement -

Ова е целосната листа со најбрзорастечките туристички дестинации во светот:

  1. Мјанмар 40.2%
  2. Порторико 31.2%
  3. Иран 27.9%
  4. Узбекистан 27.3%
  5. Црна Гора 21.4%
  6. Египет 21.1%
  7. Виетнам 16.2%
  8. Филипини 15.1%
  9. Малдиви 14.9%
  10. Бахамски Острови 14.6%
  11. Катар 14.5%
  12. Ерменија 14.4%
  13. Јужна Кореја 14.4%
  14. Турција 14.0%
  15. Босна и Херцеговина 13.7%
  16. Тунис 13.6%
  17. Лаос 11.5%
  18. Азербејџан 11.4%
  19. Израел 10.5%
  20. Литванија 10.1%
  21. Казахстан 10.0%
Сподели!
- Advertisement -