Американски научници создадоа керамички премаз со кој секој авион може да исчезне од радарот

- Advertisement -

Американските борбени авиони наскоро може да добијат нов премаз од керамика кој се нанесува со спреј и за кој тимот научници кој го направи тврди дека е потврд од песок и дека дава голема способност за сокривање од радари. Тим научници од Универзитетот на Северна Каролина дизајнираше материјал кој го решава проблемот со сегашните полимерни премази кај американските борбени авиони, кои брзо се трошат и се бришат од авионите, па така уште полесно се откриваат на радар.

Иако оваа иновација уште е во рана фаза, лабораториските тестирања покажаа дека новиот керамички материјал може да впие над 90% од радарските зраци. За споредба, премазите кои се користат сега впиваат до 80% од зраците на радарите.

- Advertisement -

Поради нежноста на традиционалните материјали, воздухопловните инженери дизајнираа борбени авиони кои го штитат својот премаз, а таквиот дизајн влијае и на брзината на авионите. Новиот керамички премаз треба да го елиминира и тој проблем, а потребни се 1-2 дена за да се нанесе на еден авион.

Американското воено воздухопловство најави дека размислуваат за намалување на флотите од F-22 авиони од 7 на 4, што може да значи и крај за легендарниот „невидлив“ борбен авион. Благодарение на својот класичен заштитен премаз F-22 е толку „невидлив“ на радар, па на екранот на радарот се регистрира како бумбар. Проблемот е во тоа што тој ист премаз е многу нежен и лесно се лупи, што ја компомитира безбедноста на авионите и пилотите во текот на мисиите.

- Advertisement -

Проблемот со сегашните премази е што се распаѓаат на температура над 248 степени Целзиусови, што се случува околу рабовите на крилата и на задниот дел. Земајќи го сето тоа предвив, Ченгјинг Черил Ксу од Универзитетот на Северна Каролина и неговиот тим кои го стартувале проектот во кој развиле иновативен керамички премаз кој може да се нанесе на кој било авион. Финалниот резултат е керамички премаз во спреј кој е водоотпорен и потврд од песок, што значи дека може да поднесе тешки услови во текот на летот. Новиот материјал ги задржува своите противрадарски карактеристики и на температури од 1800 до -100 степени Целзиусови.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -