Светскиот ден на млекото – 1 јуни, Бимилк како најголема компанија во млечната индустрија во земјава го одбележа со донација за сите семејства кои денеска добија принова во најголемите родилишта во земјава – Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Клиничката болница во Битола.
Донацијата се состои од Битолско млеко и Битолско млеко со 10 витамини, чии изразени здравствени придобивки произлегуваат од збогатениот состав со десетте најпотребни витамини во совршен сооднос за задоволување на дневните потреби за целото семејство.
„Одбележувањето на Светскиот ден на млекото произлегува од важноста на млекото како глобална секојдневна храна. Во таа насока е и нашата донација, како поддршка на семејствата што добија принова, да се чувствуваат енергично и здраво во овие важни моменти, затоа што грижата за децата, посебно за новороденчињата секогаш започнува од грижата за себе, за сопствената психичка и физичка виталност. Но, исто така и да потсетиме дека млекото е единствената храна што ја примаме од првиот ден и во текот на целиот живот, токму затоа што се неопходни придобивките од млекото за организмот од секоја возраст”, изјавија од Бимилк.
Дополнително, сите новороденчиња од Бимилк добија и радосници, каде што нивните родители ќе може да ги забележат првите најважни, незаборавни и среќни моменти од животот.
Веќе традиционално, компанијата Бимилк на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.