Патар и Калин: Поддржете ја Tip of the Week кампањата на Kickstarter за интернационализација на прирачникот!

- Advertisement -

Во тек е кампања за групно финансирање на интернационалното издание на Tip of the week® на глобалната платформа, Kickstarter. Целта на проектот е во период од еден месец да се соберат 8.000 долари за да се издаде издание на англиски јазик и да се развие Tip of the Week® концептот на интернационалниот паза. Кампањата е активна и во тек и по тој повод разговараме со авторите на овој прирачник за личен и професионален развој, Калин Бабушку и Петар Лазаров

 

  • Зошто се одлучивте да го лансирате проектот Tip of the Week на глобалната платформа Kickstarter? Што всушност претставува Kickstarter?
    • По успехот кој што го имаме со Tip of the Week прирачниците во регионот сакавме на читателите од светот да им ја презентираме нашата идеја за Tip of the Week концептот и да им понудиме една нова уникатна перспектива на успешно работење на деловни професионалци од Балканот. Kickstarter како една од најпознатите глобални палатформи за тестирање на креативни проекти ни се виде како супер можност да ја презентираме и нашата идеја таму. На оваа платформа успешно се финансирани преку 135.000 проекти, соберени се скоро 3,5 милијарда долари од поддржувачи од целиот свет. Проекциите се дека оваа платформа ќе се развива уште повеќе во иднина.
  • Колку луѓето од Македонија се информирани за оваа платформа?
    • Групното финансирање или „crowdfunding“ е сеуште неразработен потенцијал во Македонија и многу луѓе не се информирани за можностите кои ги нуди. Од секојдневната комуникација со пријатели и соработници ретко кој слушнал за Kickstarter или која било друга слична платформа. Тоа го потврдува и фактот што покрај Tip of the Week како прва книга од Македонија, постои само уште една компанија која успешно има реализирано неколку проекти за друштвени игри. Искрено се надеваме со Tip of the Week ќе поттикнеме и други Македонци да користат некои од платформите за групно финансирање за да ја тестираат и пробијат нивната идеја интернационално.
  • Која е целта на лансирање на кампањата на Kickstarter платформата? Што сакате да постигнете со кампањата?
    • Целта на кампањата е да се соберат 8.000 долари со цел да се издаде издание на Tip of the Week® на англиски јазик и да се прошири концептот интернационално. Кампањата започна на 22 ноемви и ќе трае до 22 декември. До сега имаме соберено околу 1.600 долари но се надеваме повеќе луѓе ќе ја поддржат идејата финансиски за да успее проектот. Заинтересираните индивидуалци и компании, можат да го поддржат овој проект со минимален износ од еден долар или да бираат помеѓу понудените пакети во коишто се вклучени дигитални изданија на книгата, потпишани изданија, интерактивни картички и многу други изненадувања, во зависност од висината на влогот. Целата кампања може да ја видат на следниот ЛИНК.
  • Што ќе содржи интернационалното издание на Tip of the Week? По што ќе се разликува од изданијата кои веќе ги имате на македонски, српски и на хрватски јазик?
    • Интернационалното издание ќе биде на англиски јазик и ќе содржи 40 совети напишани од докажани автори и деловни професионалци од Балканот. Препознатливиот визуелен дизајн и структура ќе бидат задржани, но советите ќе бидат надополнети со многу повеќе практични примери од секојдневното работење и самоевалуациони вежби за личен и професионален развој. Со ова издание желбата ни е да понудиме една нова перспектива на успешно работење од Балканот, многу поразлична од тоа што постои во светот.
  • Колку долго траеја подготовките пред самото лансирање на кампањата?
    • Подготовките започнаа уште во 2010 година со самото објавување на првиот Tip of the Week совет преку нашиот Newsletter. J Уште тогаш верувавме дека Tip of the Week  концептот има голем потенцијал да се развие и на многу пошироко и интернационално ниво. Дел од подготовките се секако и двете изданија во Македонија,  објавувањето на српското издание минатата година и хрватското издание оваа година. Сепак, главните подготовки пред лансирање на проектот на Kickstarter траеја интензивно повеќе од два месеци. За ова сме им посебно многу благодарни на тимот на Солвео кои ни помогнаа во секој чекор од реализација на кампањата.
  • Каква е реакцијата на поддржувачите до сега на кампањата? Кои се досегашните резултати од кампањата? Кои се вашите очекувања до завршување на кампањата?
    • Досега сме задоволни, полека но сигурно се развива кампањата. Многу сме среќни што веќе имаме и поддржувачи од различни делови од светот. Читатели од Америка, Англија, Франција, Италија, Германија, Австралија, Литванија, Индија, Шведска и Швајцарија имаат и купено некои од понудените пакети во зависност од нивниот влог. Очекувањата се секако уште многу луѓе да ја видат вредноста на проектот и да го поддржат со цел да ги собереме и преостанатите 6.400 долари за дваесетина дена кои ни недостасуваат за успешно завршување на кампањата.
  • Кои се следните чекори откако ќе го остварите таргетот? Кога може читателите да го очекуваат интернационалното издание на Tip of the Week?
    • Откако ќе го оствариме таргетот треба да го развиеме англиското издание на TOW и да ги доставиме понудените пакети на сите поддржувачи кои имаат купено. Според поставената временска рамка на Kickstarter, читателите може да го очекуваат интернационалното издание до мај следна година.

 

Сподели!
- Advertisement -