- Advertisement -
Американските власти соопштија дека голем дел од ветените 80 милиони дози против корона вирусот ќе подарат на странски земји преку механизмот Covax за дистрибуција на вакцини до загрозени земји.
„Владата соопшти дека ќе распредели 80 милиони дози вакцини против корона вирусот. Најголем дел ќе бидат донирани преку Covax“ соопштија од Белата куќа.
- Advertisement -
Така, околу 60 милиони вакцини ќе бидат донирани преку Covax, а околу 20 милиони дози вакцини ќе бидат донирани на земји на кои им се потребни.
Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека САД делат вакцини не поради некаков интерес, туку за да се спасат животи и да се стави крај на пандемијата на корона вирусот.
- Advertisement -
(Bizlife)
(фото: Freepik)
- Advertisement -