Паметна гитара ве учи како да свирите на неа

- Advertisement -

Свирењето гитара е едно од најубавите хобија што можете да ги имате. Сепак, потребно е време, посветеност и некаков познавање на музиката за да го совладате инструментот. Додека многумина земаат часови по гитара, не се снаоѓаат баш најдобро. Исто така, потребно е да помине подолго време додека се поднаучат некои основни работи. Но, кога ваш учител би била самата гитара веројатно би ви било позабавно. Ви ја оретставуваме паметната гитара Poputar!

Poputar ќе го смени начинот на кој се свири на гитара. Заборавете на бавното, монотоно вежбање и наместо тоа почнете да ја слушате гитарата. Синхронизацијата со апликацијата преку Bluetooth овозможува Poputar на играчот да му дава интересни туротијали, како и учење преку еден вид игра.

- Advertisement -

Гитарата е направена од махагон дрво и врвни жици, комбинирано со врна технологија. Овој лесен музички инструмент работи на неколку батерии. Апликацијата содржи цела библиотека со песни, моментален фидбек за часовите и го води играчот низ забавни, кратки, лесни лекции.

Целта на Poputar е да го скрати учењето на свеирењето гитара. Со помош на апликацијата PopuMusic, која се синхринизира со ЛЕД сијаличките на гитарата, полесно можете да научите да ги свирите сите песни од библиотеката. Едноставно следете го движењето на сијаличките и ќе научите да свирите многу брзо.

- Advertisement -

Моменталное во тек кампања за собирање средства за гитарата на платформата Indiegogo.

(Startup Selfie)

- Advertisement -

(фото: Indiegogo screnshot)

Сподели!
- Advertisement -