Основачот на најголемата интернет продавница Amazon, Џеф Безос и неговиот брат Марк, на 20-ти јули ќе патуваат во Вселената, две седмици откако Џеф ќе отстапи од челното место во компанијата.
Браќата ќе бидат првите патници во свеленскиот брод „New Shepard“ (Нов пастир), кој го основа компанијата на Безос „Blue Origin“.
„Уште како петгодишник сонував за лет во Вселената. На 20-ти јули ќе тргнам со братот на тој пат“, напиша Џеф Безос во понеделникот на Instagram.
Заедно со браќата Безос ќе отпатува и победникот на наддавањето на коешто се нудат местата во вселенскиот брод. Аукцијата ќе заврши на 12-ти јули.
Понуди досега дале околу 6.000 луѓе од 143 земји во светот. Најголемата понуда за местото изнесува 2,8 милиони долари.
Ракетата би требало да полета од Земјата и кога ќе ја достигне линија Карман, 100 километри над површината на морето, капсулата ќе се одвои од ракетата-носач, ќе им овозможи на патниците, ќе им овозможи на патниците да ја водат закривеноста на планетата и да ја бестежинската состојба.
Целиот лет ќе трае десет минути. Капсулата и ракетата ќе атерираат одвоено, со тоа што капсулата ќе се приземји со помош на падобран. Досега „Blue Origin“ изведе 15 пробни летови со бродот „New Shepard“, последниот кон средината на јули.
Извор – Нетпрес