Отсега германската Nutella ќе има ист квалитет како и во другите држави по налог на Европската комисија

- Advertisement -

Од европската комисија вчера потврдија дека некои мултинационални компании го започнале процесот на изедначување на квалитетот на своите производи, со цел да ги задоволат новите законски промени. Комесарот за заштита на потрошувачите, Вера Журова, вчера истакна три компании кои ги менуваат рецептите на своите производи, а една од нив е и Ferrero, компанијата која го произведува познатиот чоколаден крем Nutella.

„Компнијата Ferrero е посветена да го изедначи квалитетот на чоколадниот крем Nutella во сите земји. Во актуелните истражувања, од оваа компанија се изјасниле дека квалитетот на Nutella бил повисок само во Германија, додека во останатите земји-членки бил изедначен. Токму затоа, од Ferrero сега работат во насока на тоа да го намалат квалитетот на кремот во Германија, за да не се доведат до ситуацијата уште еднаш да биде спроведено истражување по однос на ова прашање. Сепак, ова предизвика незадоволство кај потрошувачите во Германија.“, изјавиле од Европската комисија.

- Advertisement -

Како што пишува Poslovni Dnevnik, неодамна во Хрватска беше спроведено истражување кое покажа дека кремот наменет за хрватскиот пазар содржи сирутка во прав и помал процент на обезмастено млеко во прав, додека производот во Германија содржи само обезмастено млеко во прав. Сирутката е поевтина суровина.

Исто така, при споредбата била забележана значајна разлика во бојата, конзистентноста, мирисот и вкусот на производот: кремот купен во Хрватска бил поблаг, погуст и со арома на какао додека производот за Германија бил потемен и со арома на лешник.

- Advertisement -

Другa компаниja коja сега е обврзанa да го изедначи квалитетот на своите производи за сите пазари е Bahlsen кои произведуваат колачиња со путер и ќе мораат отсега да користат исклучиво млечен путер за нивната подготовка, а обврската ќе им се наложи најверојатно и на производителите на виршлите Wudy и детергентот Ariel.

Сподели!
- Advertisement -