Новата генерација паметни часовници на Apple ќе го мери шеќерот во крвта

- Advertisement -

За три месеци Apple треба да ја претстави новата генерација на својот паметен часовник. Иако дури во септември ќе го видиме часовникот и ќе го дознаеме официјалните опции, уште сега знаеме што можеме да очекуваме од новата генерација на овој популарен гаџет.

Имено, според последните гласини, Apple Watch Series 7 нема да донесе некои револуционерни нови опции кои може особено да го разбудат интересот на љубителите на Apple. Вредно за споменување е само дека рабовите околу екранот кај новиот часовник треба да бидат помали, што значи малку повеќе простор на екранот.

- Advertisement -

Но, затоа моделите од идните генерации треба да донесат големи промени. Една од двете опции кои се споменуваат е можноста за мерење на шеќерот во крвта и тоа со неинвазивна метода. Уредот постојано би го мерел нивото на шеќер во крвта и за тоа би го известувал корисникот.

Втората многу битна опција е мерењето на телесната температура. Никогаш пред пандемијата на корона вирусот луѓето не ја мереа толку често температурата, а во иднина за температурата и промените на температурата ќе ги известува нивниот часовник. Овие две опции можемне да ги очекуваме кај идните генерации часовници. Мерењето на температурата може да биде достапно од Series 8, која Apple ќе ја претстави во септември идната година, додека за мерењето на шеќерот во крвта ќе почекаме до септември 2023 година.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -