Наместо карго аеродром во Штип, ТАВ ќе реализира 90 други инфраструктурни проекти

- Advertisement -

Над 90 инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 49,7 милиони евра ќе бидат реализирани со средствата што беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип.

Во првата фаза ќе бидат реализирани 23 проекти во вкупна вредност од 9,9 милиони евра за што денеска на општините им беа врачени договорите.

- Advertisement -

Втората фаза е планирана кон почетокот на јули, а третата кон крајот на јули. Станува збор за проекти за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни улилишта, резервоари за вода и други проекти.

Освен за инфраструктурини проекти во општините, дел од средствата ќе бидат наменети и за проширување на капацитетите на двата аеродрома во земјава.

- Advertisement -

– Главната цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво. Продолжуваме да поддржуваме трајни добра, бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој, истакна премиерот Зоран Заев на денешното доделување на договорите.

Тој додаде дека Владата се залага за рамномерен регионален развој и зајакнување на децентралиzацијата со трансфер на надлежностите од централно на локално ниво.

- Advertisement -

Извршниот директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер истакна дека за три години ќе бидат инвестирани 35 милиони евра за 99 општински проекти и 14, 7 милиони евра за двата постојни аеродроми..

Шенер додаде дека досега биле инвестирани 130 милиони евра на двата аеродроми, како и дека за десет години се бележи четирикратен пораст на бројот на патници. Во 2019 година, според него, на двата аеродроми имало 2,7 милиони патници. ба

Сподели!
- Advertisement -