На Исланд се гради фабрика која годишно отстранува 4.000 тони CO2 од атмосферата

- Advertisement -

Швајцарската компанија Climeworks разви водечка технологија за директно отстранување на јаглерод диоксидот од воздухот. Иако можеби во овој момент климатската криза не изгледа толку драматично, последиците од глобалното затоплување стануваат се повидливи, било да се тоа пожари, суши, поплави, екстремни бури или на пример, негативното влијание врз здравјето на луѓето и нивната добросостојба.

За последиците да не станат уште поекстремни неопходно е да се исполнат целите од Парискиот климатски договор. Меѓутоа, научниците се сложуваат дека тоа повеќе не е можно да се изведе само со прекин на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, туку неопходно е и да се отстрани одреден количина на јаглерод диоксид од атмосферата.

- Advertisement -

Меѓу различните пристапи за намалување на атмосферската концентрација на јаглерод диоксид е и директното отстранување на јаглерод диоксидот од воздухот. Кога CO2 ќе се отстрани од воздухот потоа вообичаено се реупотребува или се складира во длабоки геолошки формации, со што се постигнува карбонска негативност затоа што овој гас со ефект на стаклена градина е трајно отстранет од атмосферата наместо да се емитува во неа.

Швајцарски Climeworks е една од компаниите кои развиваат ваква технологија, а има за цел со својата најнова фармика на Исланд, која се вика Orca, на годишно ниво да отстранува 4.000 тони јаглерод диоксид од атмосферата. За споредба, толкава количина јаглерод диоксид од воздухот чисти шума со површина од околу 18 km2. Ако успеат во тоа, Orkа ќе биде најголемата фабрика во светот со позитивно влијание на климата досега. Планирано е Orka да почне со работа во текот на 2021 година.

- Advertisement -

Climeworks директно го фаќа СО2 со помош на модуларни собирачи, кои може да се поврзат во каква било форма. Прво, воздухот се вовлекува во собирачот со помош на вентилатор. Потоа се собира на површината на високо селективен филтер кој се наоѓа во собирачот. Второ, кога тој филтер ќе се наполни со СО2 собирачот се затвора. Потоа температурата во собирачот се зголемува на 80 до 100°C, со што се ослободува од филтерот и се собира прочистен СО2 со висока концентрација. Еден собирач може да фати околу 50 тони јаглерод диоксид во текот на една година.

Сите фабрики на Climeworks за директно фаќање на јаглерод диоксидот од воздухот се напојуваат со енергија од обновливи извори или со енергија добиена во текот на третирање отпад.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Climeworks)

Сподели!
- Advertisement -