Данче Масларова Стојановска: Развојот на ефикасен дигитален производ е исто толку тежок како организирање забава за илјадници луѓе од која сите ќе бидат задоволни!

- Advertisement -

Данче Масларова Стојановска, Lead Product Owner на Allocate и ментор на првата Академија за Product Owners во Македонија. 

Данче, Вие сте Lead Product Owner на Allocate. Може ли накратко да нè запознаете со компанијата и Вашата работна позиција?

- Advertisement -

„Allocate Software“ е британска компанија во којашто се изработува продукт за ростерирање на здравствени работници. Тоа е комплексно решение коешто го покрива процесот на управување со времето на сите групи на здравствени работници од нивното вработување преку секојдневните обврски, па сè до пресметката на платата. Практично, за да се појави на работа кој било доктор/ка, сестра, болничар/ка, па и хигиеничар/ка кој е вработен во јавното здравство во Велика Британија  (NHS),  треба да го погледне софтверот што ние го изработуваме. Тоа го прават и оние во Австралија, дел од администрацијата во Шведска и Данска, а сè повеќе и германски болници ни ја даваат довербата.

Знаете, во последниве години сме сведоци дека притисокот врз здравството е огромен. Да се оптимизира оптовареноста со работа на секој здравствен работник, притоа тоа да е безбедно за пациентите, да се обезбеди фер-распределба на трудот, да не се злоупотребува времето за одмор и да им се овозможи флексибилност во балансирањето на приватниот и професионалниот живот, е невозможно без комплексен и сериозно добар софтвер.

- Advertisement -

За да се одговори на спецификите и одговорноста на доменот во којшто работиме, нашата компанија има разработено мрежа за распределба на одговорности. Мојата улога е да бидам мост помеѓу клиентите (или колегите кои имаат контакт со нив) и  тимот којшто го развива софтверот. За да се осигурам дека она што излегува како функционалност на софверот е тоа што навистина им треба на корисниците.

Што значи да се биде Product Owner и колку е значајна оваа улога за ИТ-компаниите?

- Advertisement -

Како што и напоменав претходно, ние сме мостот. Треба да ги разбереме кажаните и премолчените барања на корисниците, откако прво ќе откриеме и идентификуваме кои се тие и во какви околности го користат системот за да разбереме како може да помогнеме. Потоа, да ги документираме нивните барања. Следи преведување на барањата и потребите на клиентот во фунционалности на системот коишто ќе ги адресираат тие барања/потреби. Секојдневно ја следиме работата на развојниот тим, со цел да бидеме сигурни дека она што е направено како фукционалност во системот одговара на потребите на клиентот. Улогата на продукт-оунерот вооружен со ентузијазам, знаење, арсенал од алатки и техники заштедува време, пари и нерви на сите инволвирани во процесот.  

За вежба: пробајте да го организирате друштвото за дружење и да изберете време, место и тема за разговор. Потоа помножете го тоа со илјадници корисници и стотици конфликтни потреби и интереси. 😊

Каква е потребата за оваа професија денес и кои се можностите за едукација?

Го знаете она искуство, кога ќе отворите некоја апликација и баш ќе ви е погодена бидејќи ги има опциите што ви требаат? Тоа е добар продукт-оунершип.  На пример, во Велика Британија наидов на една апликација којашто ти помага да видиш кога е следниот воз или автобус. Ако ја отворите навечер, претпоставува дека сте уморен или сте испиле некое пиво плус и ги покажува буквите и бројките за некој процент поголеми, а ги покажува  само неопходните информации за да се осигура дека ќе стигнете дома безбедно. Таа апликација ја правел продукт-оунер кој си ја сака работат. Или пример Нетфликс, ви ги препорачува веќе гледаните филмови први на списокот. Можеби продукт-оунерот на Нетфликс треба да го информираме за нашата академија од октомври.😊

Од неодамна станавте и ментор на Академија за Product Owners, програма којашто ја најави Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје, како единствена на овие простори. Што покрива програмата и за кого е наменета?

Академијата е голема радост, ентузијазам и гордост за мене. Уникатна е поради мотивот, пристапот и опсегот на знаење што го нуди.

Во моментов, имаме доста професии кои работат делови, варијации од оваа работа, како на пример банкарските аналитичари, продавачите на услуги, сопствениците на старт-ап компании, програмери во напредна фаза од кариерата, различни координатори и организатори. Целта ни е да понудиме заокружен материјал во којшто ќе ги разработиме сите фази од идентификување на корисници со различни мотиви, преку техники за собирање и анализа на барањата, нивно преведување во функционалности на софтверот и ефикасно документирање кон различна публика. Сето тоа го ставаме во контекст на агилни методологии на работа, затоа што тоа е реалноста со којашто слушателите ќе се соочат кога аплицираат за работа. Знаењето на техники, алатки и Scrum-метологија ќе им помогне да ја добијат шансата да се вработат во софтверска компанија. Но, размислувавме и што потоа, дали е доволно? Затоа воведовме еден модул којшто се вика day-to-day product ownership. Целта е да симулираме како ќе изгледа денот на продукт-оунерот, со кои предизвици ќе се соочува и да предложиме стратегии како најефикасно да ги надмине. На 29.06, ќе разговараме повеќе на темата на онлајн-вебинар, препорачувам Вашите читатели да ги следат објавите на Институтот.    

Останатите ментори се искусни професионалци од ИТ-заедницата, но и од EAPTI Gestalt Institute Skopje. Како дојдовте до оваа соработка и зошто истата е важна за слушателите на една ИТ-академија?

Знаете, со години ми приоѓаат пријатели и прво збунето ме прашуваат што всушност е мојата работа и зошто баш треба некој помеѓу клиентите и изработувачите кога едните знаат што сакаат, а другите знаат тоа да го изработат. Раскажувајќи за дневните обврски и предизвици, веројатно невербално ја пренесувам љубовта со којашто го работам ова, па скоро по правило следното прашање е: „Ама знаеш јас го имам тоа во себе, но имам правен или економски факултет, ќе можам ли јас да станам продукт-оунер?“ Оние пак со порешителен став дирекно тргнуваат во акција: „Што треба да научам за станам продукт-оунер? Да се запишам на тој курс за Scrum?“  

Оваа Академија е уникатна затоа што е конципирана да изгради компетенции за продукт-оунершип кај слушателите, не само теоретски да презентира материјал за сертификат или слично. Во менторскиот тим покрај мене, имаме консултант за агилни методологии, креативно размислување и психотерапевт. Со мене ќе учиме и ќе го „печеме” занаетот на менаџирање на софтверски барања (software requirement management) теоретски и практично. За секое што, ќе има зошто?, кога? и како?.

Стефан, кој е познат во Scrum-заедницата, ќе им ги раскаже, покаже и извежба сите аспекти, варијанти, трикови и замки на агилните методологии. Покрај тоа што има инспиративно теоретско и практично знаење, тој е забавен, полн со анегдоти, игри и приказни. Целта ни е слушателите да можат да го искористат знаењето, покрај тоа што би биле подготвени да полагаат сертификат за агилни методологии.

Потоа, тука е Драгана која раководи со компанијата „Солвео“, да го поттикне креативното размислување кај учесниците преку едукација на Design Thinking и Ема која е доктор по психолошки науки, клиничар, консултант, коуч, терапевт, едукатор и основачка на EAPTI Гешталт Институт-Скопје, ќе поврзе сè во една автентична целина. Кој ја слушнал, знае каков мелем за душа е. Во моето работење со десетици тимови (убедена сум и читателите ќе најдат сличен пример во своето искуство) сум сретнала луѓе со големо теоретско знаење, елоквентни во цитирање литература кои имаат предизвик да го применат за да решат проблем пред себе. Прекрасни луѓе кои се претвараат во најлошата верзија од себе кога се соочени со притисоци или конфликти. Во суштината на оваа улога е комуникација заради разбирање; решавање конфликти и наоѓање компромис. Тоа е многу мачно ако не сме свесни за себе, ако не работиме на подобрата верзија од себе. Ема ќе ни помогне на сите да ја позиционираме својата личност на патека за учење, за себеспознавање и наоѓање на својата автентичност во рамките на тимот.

Кога започнува оваа Академија за Product Owners и кои се можностите за кариера по нејзиното завршување?

Уписите се во тек. Почнуваме во октомври, а повеќе информации можат да се добијат на веб страната https://idt.mk/ .

Во врска со кариерните можности, како и со сè во животот, зависи од човек до човек. Ние ќе го ставиме сето свое знаење и искуство на располагање со цел да презентираме информации и практицираме вежби за развивање на сестрани личности кои ќе можат да практицираат продукт- оунершип. 

Оваа улога во различни ИТ-компании може да се сретне под различно име: бизнис-аналист, продукт-аналист, продукт-оунер, дури и проектен или деливери-менаџер.

Сподели!
- Advertisement -