Во Кина откриен нов вид на џиновски носорог повисок од жирафа

- Advertisement -

Нов вид праисториски џиновски носорог, еден од најголемите цицачи кои оделе по Земјата, беше откриен на северозападниот дел од Кина, објавија научниците. Paraceratherium linxiaense живеел пред отприлика 26,5 милиони години и тежел 21 тон, односно како четири големи африкански слонови. Со главата можел да досегне 7 метри висина и да јаде од дрвјата, што значи декабил повисок од жирафа.

Тоа се заклучоците донесени врз база на фосили откриени во северниот дел на кинеската провинција Гансу. Во студијата објавена во четврток во списанието Communications Biology истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите пронајдени во 2015 година заклучила дека тие припаѓаат на нов вид, поинаков од досега познатите џиновски носорози.

- Advertisement -

Целосно сочуваните челусти и черепи покажуваат сличност со досегашните тапири е заклучокот на истражувањето кое го предводеше Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг. Новиот вид е сроден со џиновските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека се движеле насекаде низ централна Азија.

Носорозите слободно патувале од северозападна Кина до индиско-пакистанскиот потконтинент, што значи дека Тибетската висорамнина тогаш имале низински подрачја, сметаат научниците.

- Advertisement -

„Тропските услови овозможувале џиновските носорози да се враќаат северно во централна Азија, што имплицира дека Тибет уште не бил висорамнина со голема висина“ вели Денг.

(N1)

- Advertisement -

()

Сподели!
- Advertisement -