Стартап компанијата Living Carbon од Сан Франциско генетски модифицира дрвја за да бидат способни да ловат и да складираат повеќе јаглерод диоксид со цел да се борат со ефектите на климатските промени така што ќе ги чистат стакленичките гасови од атмосферата, се вели во извештај на Fast Compan.
Компанијата тврди дека со развој на таквите дрвја можеме да садиме помалку дрвја и да ја постигнеме истата цел без да мора да зафаќаме поголема површина која инаку моиже да се користи за земјоделство.
Ова оди во прилог на другите иницијативи, вклучувајќи и систем за чистење на јаглеродот инспириран од морските школки и иницијативата поддржана од Бил Гејтс, Carbfix, која има за цел да најде решение за отстранување на вишокот јаглерод диоксид од атмосферата.
Глобалната заедница се соочува со се поитна и потешка задача за намалување на CO2во атмосферата, при што некои експерти проценуваат дека со човечките активности се испуштаат 37 милијарди метрички тони јаглерод диоксид годишно.
Living Carbon планира да објави повеќе детали за својата технологија подоцна годинава, која се базира на работата на научници како Донал Орт од Универзитетот на Илиноис и Стив Штраус, професор по шумска биотехнологија на Државниот универзитет во Орегон.
Се разбира дека менувањето на цели екосистеми на начин кој не е штетен не ни најмалку лесна задача и мора да се планира внимателно за да не се направи поголема штета отколку добро.
„Навистина е тешко да се направи тоа. Станува збор за милиони долари и децении работа за да се постигне поголема корист отколку штета на природата и повеќето од експериментите досега беа неуспешни затоа што навистина е тешко. Природата, се разбира, се обидува да го прави тоа со илјадници години, па се трудиме само да го подобриме“ вели Штраус.
Резултатите кои досега ги има добиено тимот на Орт покажуваат дека ензимот кој му помага на тутунот да расте за 40% повеќе може да се примени и кај дрвјата, поради што ќе бидат поголеми и ќе апсорбираат повеќе CO2. Се разбира дека постои ризикот дека генетски модифицираните дрвја може да бидат поподложни на болести или дека ќе им наштетуваат на другите растителни видови, што значи дека ќе помине доста време додека американското Министерство за земојделство да дозволи таквите дрвја да се садат.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixnio)