Anthenea е првиот луксузен соларен хотел на вода во светот

- Advertisement -

Ако преферирате да живеете во иднината наместо во досадната сегашност можеби ќе сакате да инвестирате во некој од џиновските апартмани на вода кои личат на летачки чинии. Ако сакате да потрошите околу половина милион долари, можете да си купите Anthenea, луксузен хотел на вода.

На горниот дел од џииновската пловечка полутопка има соларни панели кои го напојуваат со енергија моторот и остатокот од хотелот. Хотелот има и систем за рециклирање на отпадните води, подводен бар, дневен простор, дури и поп ап солариум со место за 12 луѓе. Anthenea има и тераса од 360 степени со поглед на целата околина, од каде што е лесно да се влезе и да се излезе од вода.

- Advertisement -

Хотелот е инспириран од филмот со Џејмс Бонд од 1977 година со наслов „Шпионот кој ме сакаше“, а го направи архитектот Жан Мишел Дуакансел. Неговата компанија тврди дека поради формата на бродот луѓето кои патуваат на него нема да имаат морска болест. Кога ќе почне да се продава, цената ќе му биде околу 535.000 долари.

Хотелот има површина од oколу 50 квадратни метри и е независен од извор на енергија или каков друг ресурс. Со овој хотел можете да живеете буквално изолирани од сите. Ако сакате да купите еден од овие хотели со форма на летачка чинија, моментално се изложени на јужниот брег на Франција.

- Advertisement -

(OddityMall)

(фото: Anthenea)

Сподели!
- Advertisement -