Признанието Инженерски прстен 18-ти пат ќе биде доделно на најдобрите дипломирани инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Доделувањето, како што најавуваат организаторите, ќе биде во Кабинетот на Претседателот.
На доделувањето на Инженерскиот прстен, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, претседателката на Инженерската институција на Македонија Кристина Спасевска и претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Кристинка Радевски.
Годинава 12 дипломирани студенти од три државни универзитети во земјава ќе го добијат ова престижно инженерско признание.
(МИА)
(фото: Facebook)