И Канада забрани продажба на бензинци и дизел возила

- Advertisement -

Канада се приклучи на бројните земји кои најавија крај на продажбата на возила со моторисо внатрешно согорување, а тоа ќе се случи во 2035 година. Еден од најбитните чекори за земјите кои сакаат да постигнат нулта емисија на стакелнички гасови до 2050 година е замена на возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување со возила на алтернативен, односно чист погон. Иако некои компании експериментираат со водород, денес е јасно дека најголем дел од автомобилите во иднина ќе користат електрична енергија.

Патот до електрификација е едноставен и има многу предизвици додека преминеме ан користење електрични автомобили – од високите цени до малиот број станици за полнее. Но, и покрај тоа, се укажува дека се изброени деновите на бензинците и на дизелашите, а сега е појасно и кога ќе им дојде крајот.

- Advertisement -

Дел од производителите на автомобили веќе најавија кога ќе престанат со производство на мотори со внатрешно согорување, а истото го најавија и некои држави. Велика Британија ќе забрани продажба на такви автомобили после 2030 година, а Норвешка дури 5 години порано.

Последна во низата држави кои се одлучија на таков чекор е Канада. Вчера премиерот Џастин Трудо најави дека ќе се забрани продажбата на дизелаши и бензинци од 2035 година. Од таа година во Канада ќе може да се продаваат само автомобили и камиони со нулта емисија на стакленички гасови. За да ја постигнат таа транзиција во текот на годината ќе најават нови инвестиции и ќе претстават регулатива која треба да помогне за целосна електрификација до средината на идната деценија.

- Advertisement -

Исто така, Канада ќе може да направи и некои други чекори кои се однесуваат на субвенции за купување електрични возила, како и за развој на инфраструктурата, односно поставување голем број станици за полнење на електрични автомобили.

(REuters)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -