Јунајтед ерлајнс ќе купи 270 нови авиони

- Advertisement -

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ објави дека порачала 270 нови авиони од „Боинг“ и „Ербас“ за да го искористат силното закрепнување на побарувачката за патувања во постпандемискиот период.

Компанијата соопшти дека нарачала 200 авиони „Боинг МАКС 737“ и 70 авиони „А321нео“ од „Ербас“ со вкупна вредност по каталошки цени од 30 милијарди долари.

- Advertisement -

Нарачката вклучува и 25 авиони „Боинг МАКС 737“ . Другите клиенти ги откажаа нарачките за тие авиони за време на нивното 22-месечно приземјување по две тешки несреќи во кои загинаа 346 лица.

Регулаторите во САД и Европа, во меѓувреме, го одобрија нивното враќање во сообраќај по промените со што ги отстранија безбедносните проблеми.

- Advertisement -

„Јунајтед ерлајнс“ планира ова лето да го вклучи првиот „Боинг МАКС 8“ со нов ентериер во својот распоред на летови, а на почетокот на 2023 година ќе ги воведе и „МАКС 10“ и „А321 нео“.

Сподели!
- Advertisement -