Кинеската вселенска агенција обајви видео на кое се гледа движењето на нивниот ровер Zhurong на површината на Марс. Видеото е направено со безжична камера која на површината на Црвената планета ја поставил роботот.
Објавено е и видео кое го прикажува слетувањето на роверот, кое се случи во мај годинава. На него се гледа моментот кога се активира падобранскиот систем со кој роверот се спушти на Марс.
Роверот или возилото Zhurong има шест тркала и се користи за истражување на подрачјето од Марс кое е познато како Utopia planitia. Од агенцијата соопштија дека роверот се движел 236 дена во 42 марсовски соли. Марсовски сол е ден кој трае нешто повеќе од денот на Земјата, односно 24 часа и 39 минути.
Видеата беа испратени на Земјата преки сателитот Тianwen-1. Научниците се надеваат дека овој ровер ќе врши истражувања најмалку 90 марсовски деноив. Сличен е на роверите Spirit и Opportunity на НАСА, кои беа направени на почетокот на 2000-тите години и тежи 240 кг.
(Klix.ba)
(фото: CNSA)