Данците се најбогати во Европската унија, додека Романците се најсиромашни, покажуваат податоците на Централната банка на Данска. Во четвртиот квартал од минатата година данските домаќинства во просек имале 250.000 евра. Данците се и меѓу најзадолжените нации во ЕУ. Просечниот нивен долг изнесува 75.300 евра, а од нив позадолжени се само жителите на Луксембург, чиј долг во просек изнесува над 88.000 евра.
Од Централната банка на Данска велат дека најголем дел од богатството е во недвижности во коишто живеат, а помал во пари. Нивното просечно нето финансиско богатство изнесува 177.500 евра, што е за речиси трипати повеќе од просекот во ЕУ.
Укажано е дека постојат огромни разлики во богатството на самите Данци. Со анализа е утврдено дека нивното богатство во првиот квартал од годинава растело и тоа во просек 3.200 евра по лице.
После Данците најбогати се Холанѓаните, Лускембуржаните и Швеѓаните. Најсиромашни се Романците, чија финансиски имот во просек изнесува само 10.700 евра. Меѓу најсиромашните се и Хрватска, Бугарија, Литванија и Грција.
(Bizlife)
(фото: countryfaq)