Ова е најдобриот град во светот за работа на далечина

- Advertisement -

Најдобриот град за работа на далечина е Мелбурн според ранг листата на платформата за недвижности Nestpik. Мелбурн доби највисоки оценки во категоријата услови за живот, како што се безбедноста, здравствената заштита, културата и забавата во слободно време, како и инфраструктурата за работа на далечина.

Австралиската метропола исто така е само еден од 10-те градови на листата на Nestpik кој нуди дигитална номадска виза, специфичен документ кој овозможува самовработените и странските работници да работат од дома во таа земја.

- Advertisement -

На второ место на листата е Дубаи, на трето е Сиднеј, а потоа следуваат Талин, Лондон, Токио, Сингапур, Глазгов. Топ 10 на листата ги заокружуваат Монтреал и Берлин.

Студијата на Nestpik опфатила 75 светски градови, кои таа платформа ги избрала врз основа на разни истражувања во кои тие често биде наведувани како најдобри дестинации за живот.

- Advertisement -

Градовите се оценувани во три општи категории – трошоци и инфраструктура, законодавство и слобода и услови за живот. Кога станува збор за трошоците и инфраструктурата, анализирани се цените и достапноста на соодветен простор за куќна канцеларија.

Во случајот на Мелбурн просечната станарина за стан со една спална соба изнесува 681 евро месечно. Сан Франциско во тој поглед има највисока цена за наем на простор за куќна канцеларија од 1.736 евра месечно, додека Рио да Жанеиро е најевтин со просечна кирија од 119 евра месечно.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -