Една од суровините кои најмногу се трошат во светот после водата и секојдневните егзистенцијални продукти за живот е песокот. Научниците предупредуваат дека дека песокот може да стане дефицитарен ресурс поради преголемата побарувачка.
„Ние мислиме дека песок има секаде. Никогаш не помислуваме дека можеме да останеме пез песок, а тоа почна да се случува на некои места“ вели научникот Паскал Педучи од Програмата на Обединетите нации за животна средина.
Тој напоменува дека станува збор за проекција што би можело да се случи во наредната деценија или отприлика во тој временски период и дека ако не гледаме однапред и не ги предвидуваме работите, ќе имаме огромни проблеми со снабдувањето со песок, но и со планирањето на земјиштето.
„Дали е време за паника? Па, тоа сигурно нема да помогне, но време е да сфатиме и да ја смениме нашата перцепција за песокот“ додава Педучи.
Според него, потрошувачката на песок може да се мери само индиректно преку многу добра корелација меѓу употребата на песокот и цементот. ОН проценуваат дека годишно се произведуваат 4,1 милијарди тони цемент, во што води Кина, која кога е песокот во прашање учествува со речиси 60%.
Статистиката покажува дека за производство на 1 тон цемент потребни се 10 тони песок. Тоа значи дека само за изградба светот годишно троши 40 до 50 милијарди тони песок. Таа количина е доволна да се изгради ѕид висок 27 метри, кој секоја година би ја обиколувал планетата.
Глобалната стапка на потрошувачка на песок трикратно се зголеми во текот на последните две децении, делумно поради растот на урбанизацијата и индустријализацијата и далеку ја надминува брзината со која песокот природно го надоместува атмосферското дејство на ветрот и водата врз карпите.
(CNBC)
(фото: Flickr)