Мон Блан, највисокиот врв во Франција се намали за 2,2 метри – научниците не знаат зошто

- Advertisement -

Највисокиот француски врв, Мон Блан, кого секоај година го искачува импресивна бројка од околу 30.000 планинари, доживеа глема трансформација последните години. Неодамнешни научни истражувања откриваат дека планината изгубила над 2 метри висина во текот на последните 2 години. Нејзината моментална висина изнесува 4.805,59 метри.

Овој значителен пад на висината од 2,22 метри се припишува на намалената количина дождови во текот на летото, вели Жан де Гаре, главен геометар во одделот От Савоа во Југоисточна Франција.

- Advertisement -

Мон Балн би можел да биде многу повисок за 2 години отсега, вели Де Гаре, кога е идното месрење на висината. Тој напоменува дека ова не е прв пат да се случи толку значајна промена во висината на највисоката француска планина.

Карпестиот врв на планината останува на 4.792 метри над нивото на морето, но неговиот дебел мра и снежната покривка варираат поради ветрот и временските услови. Од 2001 година наваму истражувачите секои две години вршат мерења со цел стекнување увид во ефектите на климатските промени на Алпите.

- Advertisement -

Де Гаре советува да не се носат избрзани заклучови од мерењето на висината и ги повикува климатолозите, глациолозите и другите научници да ги искористат собраните податоци за формулирање теорија која го објаснува тоа намалување на висината.

Најголемата висина на Мон Блан беше забележана во 2007 година – 4810,9 метри. Во 2021 година беше забележано намалува од 1 метар во споредба со 2017 година, а невообичаено нискиот резултат од 2019 година беше држен во тајност затоа што експертите го сметаа за нерепрезентативен. Врвот на планината вообичаено е повисок во есен поради јаките зимски ветрови кои чистат повеќе снег отколку на лето.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -