Тасманија направи патишта од рециклиран отпад

- Advertisement -

Владата на австралиската држава Тасманија пронајде паметен начин да ја рециклира пластиката за еднократна употреба и другиот отпад од депониите за да направи нови патишта. Патот долг 500 метри надвор од градот Хобарт е направен од околу 173.600 пластични кеси и амбалажи, како и од 82.500 стаклени шишиња собрани од депонии.

За да се направи асфалтот беа искористени околу 5.900 кертриџи од печатачи и повеќе од 33 тони рециклиран асфалт. Ова е првиот ваков пат во австралиската држава. Патот беше направен со цел да се намали загадувањето на животната средина.

- Advertisement -

Доколку се пресмета колкава количина пластика е употребена за овој пат, тоа е количина еквивалентна на пластичен отпад од две години. Доколку се покаже успешно, веројатно ќе го применат истот на други патишта. Иако производо е поскап од традиционалниот асфалт, на долг рок ќе испадне поевтина алтернатива затоа што се очекува да трае 15% подолго од обичните патишта.

На изградбата на патот владата на Тасманија соработуваше со градежната компанија Downer и со компаниите за рециклирање Close the Loop и RED Group. Концептот за пластични патишта не е нов. Во Индија, на пример, една фабрика за рециклирање собира стари рибарски мрежи и од нив прави материјал кој се додава во асфалтот за да го направи поотпорен.

Сподели!
- Advertisement -