Видео: Во Холандија отворена најдолгата соларна патека за велосипеди која произведува струја

- Advertisement -

Властите во централната холандска покраина Утрехт ја отворија, како што велат „најдолгата соларна патека за велосипеди на светот“, поврзувајќи го одржливиот извор на енергија со транспортот кој не предизвикува загадување.

Ученици од локално основно училиште беа првите кои се возеа на патеката долга 330 метри во селото Мартенсдијк, во близина на Утрехт.

- Advertisement -

Таа се состои од готови бетонски блокови покриени со тенок проѕирен слој кој штити и овозможува продирање на сончевата светлина во соларните ќелии во блоковите кои произведуваат струја.

Целта на проектот е да се утврди дали таквите патеки со двојна употреба може пошироко да се користат за производство на електрична енергија, со користење на соларната енергија, која ќе им служи на велосипедистите.

- Advertisement -

„Тоа е многу важно. Ние сакаме да бидеме климатски неутрални до 2040 година и затоа мораме да се осмелиме да користиме иновации, а ова е многу иновативно“, рече Арна Шаделе, претставник од покраината.

„Нашата покраина е многу густо населено, и има малку простор, затоа мора да се проба двојната употреба. Значи, ако патиштата можат да се користат за производство на енергија тоа е двојна предност“, додаде тој.

- Advertisement -

Соларната велосипедска патека беше отворена на денот кога Европската Унија ја објави сеопфатната нова регулатива за исполнување на ветувањето за намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување за 55 отсто во текот на оваа деценија.

Соларните велосипедски патеки веќе се користат и на други места во Холандија, но оваа е најдолга досега, соопштија официјални лица од покраината.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -