Како да го зачувате менталното здравје во текот на пандемијата

- Advertisement -

Менталното здравје не е во прв план во текот на пандемијата, но е искклучително битно како се справуваме со предизвиците и тешкотиите кои ги носи животот во време на корона вирусот. Експертите од областа на менталното здравје ги препознаваат засилените симптоми на депресијата и анксиозноста, нарушените семејни односи и порастот на насилството, но и низа други проблеми со кои се соочуваме во време на пандемија.

Се промени секојдневието, начините на комуницирање со околината, вршењето на работата, постојано присутниот страв од болести и сето тоа може да предизвика низа тешкотии во прилагодувањето на и понатамошното функционирање. На општеството во целина му е наметнато прилагодување на новите модалитети во сите сегменти од животот.

- Advertisement -

Битно е да разбереме дека сите симптоми се само природна реакција на промената, но кога ќе го пореметат фунцкионирањето на личноста, неопходно е да се побара помош, велат психотерапевтите. Тие нагласуваат дека од почетокот на пандемијата сите се ставени пред исти или слични предизвици, но и дека промените ни кои поминува општеството оставаат видливи траги и мора да се зборува за нив.

„Промените на околностите и стравот за здравјето, но и другите последици како што се образовните, економските и социјалните, претставуваат голем извор на стрес, а неизвесноста во врска со траењето на пандемијата и последиците дополнително ја усложнуваат ситуацијата“ додаваат експертите.

- Advertisement -

Од една страна, грижата за менталното здравје значи насочување на позитивните аспекти во животот, на активностите кои се пријатни и поддржувачки, а од друга страна, значи дека мораме да се соочиме со тие тешкотии.

„Во практична смисла тоа значи дека секој посебно треба да се насочи кон забавни и релаксирачки активности, да биде во контакт со блиските, да поминува доста време во природа и да се движи, да води сметка за исхраната и спиењето, да чита само основни и проверен информации без преплавување со медиумски содржини. Но, тоа значи и барање поддршка од експерти кога функционирањето значително е нарушено, односно кога симптомите или тешкотиите ги надминуваат личните капацитети за соочување со проблемите“ препорачуваат психотерапевтите.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -