Во Хелсинки ќе бидат изградени вештачки тропски острови

- Advertisement -

Дизајнот за низа од тропски острови победи на натрпеварот Helsinki Energy Challenge. Целта на натрпеварот е системите за греење во градот да испуштаат 0 jаглерод диоксид до 2030 година. Проектите од типот на Hot Heart на Carlo Ratti Associati ќе помогнат да се оствари таа амбициозна цел.

Hot Heart е низа од острови кои складираат термална енергија и може да ги поддржуваат тропските шумски екосистеми низ целиот свет. Островите се всушност 10 басени со цилиндрична форма. Секој од нив има дијаметар од околу 225 метри. Басените служат како резервоари на топла вода кои можат да складираат милиони тони вода. Системот функционира како еден вид на термална батерија.

- Advertisement -

Четири од тие 10 резервоари се затворени во провидни стаклени полутопки и таму ќе растат пловечки тропски шуми. Тие тропски екосистеми ќе служат како места за собирање, а полутопките ќе бидат топли дури и во најстудените зими во Хелсинки. Замислете само да можете да седите на топло среде тропска шума на најладниот зимски ден во Хелсинки!

Еве како ќе фунцкионира целиот систем. Пумпи за морска вода ќе го претвораат ветрот и соларната енергија во топлина, која потоа се складира во резервоарите на Hot Heart. Систем од вештачка интелигенција ќе го контролира производството и потрошувачката на термална енергија и ќе помогне да се стабилизира националната електрична мрежа. Всушност, се очекува до крајот на оваа деценија системот да ги задоволува целосните потреби за греење на Хелсинки.Притоа, ќе произведува 0 јаглерод диоксид, а трошоците за греење ќе бидат за 10% пониски од сегашните.

- Advertisement -

Проектот Hot Heart треба да биде целосно готов до 2028 година. Предлот-проектот го направи компанијата Carlo Ratti Associati (CRA) во соработка со Ramboll, OP Financial Group, Danfoss Leanheat, Transsolar, Schneider Electric, Schlaich Bergermann Partner и Squint/Opera.

Кога ќе биде довршен ова ќе биде најфолемиот инфраструктурен проект од овој тип во свеотт. Идејата е инспирирана од финскиот концепт Jokamiehen Oikeudet, што значи дека секој има право да се релаксира и да ужива во природата.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Carlo Ratti Associati)

Сподели!
- Advertisement -