Илон Маск почна да ги изнајмува соларните панели. Познати и цените!

- Advertisement -

Ако живеете во САД и сакате да си ја намалите сметката за струја со инсталирање соларни панели, Илон Маск го има решението за вас – ги изнајмува соларните панели на Tesla. Со цел на луѓето да им овозможи подобри опции за заштеда на парите, Tesla на корисниците им овозможува да изнајмат соларни панели и да плаќаат месечен надомест за нивното користење. Притоа, не се потпишуваат долгорочни договори и може да се откажат кога сакаат. Сепак, компанијата ќе ви наплати 1.500 долари за отстранување на соларниот систем од кровот.

Ако корисниците, пак, сакаат да ги продадат своите домови, Tesla нуди префрлање на договорот за користење на соларните панели на новиот сопственик. Програмата за изнајмување на соларните панели моментално е достапна во шест држави во САД: Аризона, Калифорнија, Конектикат, Масачусетс, Њу Џерси и Њу Мексико.

- Advertisement -

Панелите на Tesla ги има во три различни величини. За панелите од 3,8 киловати се плаќа месечен надомест од 50 долари, а генерираат 10 до 14 киловат-часови струја дневно. За тие од 7,6 киловати се плаќа 100 месечно, а генерираат 19-28 киловат-часови струја дневно и за тие од 11,4 киловати се плаќа 150 долари месечно, а се генерираат 29-41 киловат-часови струја дневно. Едјо просечно американско семејство троши околу 28 киловат-часови струја дневно.

Сподели!
- Advertisement -