Шведска хемичарка направи вакцина против корона вирусот која е во форма на прав

- Advertisement -

Иако првите вакцини против КОВИД-19 се веќе во употреба, тоа не значи дека научниците од целиот свет се откажале од понатамошен развој. Напротив, се бараат уште поефикасни, побезбедни и што најбитно, поевтини вакцини кои ќе можат да ја стопираат пандемијата.

Така, шведската хемичарка Ингемо Андерсон од компанијата Iconovo развива вакцина која нема да се применува на класичниот начин преку инјекција, туку доаѓа во форма на прав и е поедноставна и поевтина за производство од другите вакцини на пазарот.

- Advertisement -

Доволно е да се отстрани малиот пластичен дел и потоа инхалаторот е активиран. Треба само да го ставите во уста и длабоко да вдишете, појаснуваат од компанијата која е заинтересирана за производство на вакцината.

Компанијата Iconovo соработува со стартапот ISR, кој ја разви вакцината пртови корона вирусот во прав. За разлика од моментално достапните вакцини, вакцината во прав користи произведени протеини на вирусот САРС-КоВ-2 и може да поднесе температури до 40 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Моментално ја тестираат ефикасноста на вакцината на алфа и бета варијантата на вирусот, а ќе помине некое време додека да успеат да ја докажат нејзината ефикасност. Имено, досега вакцината е тестирана само на глувци, иако се собрани средства за почеток на кличничките тестирања и на луѓе. Ако успеат да докажат дека е ефикасна исто како другите вакцини или е поефикасна од нив, вакцината во прав може да го смени текот на пандемијата затоа што ќе може да се дистрибуира побрзо и полесно во делови од светот каде што нема услови за држење на вакцините на многу ниски температури.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -